Невремето проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер што попладнево го зафати Скопје, предизвика поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови, а има и потопени возила. Има и искрешни дрва и гранки.
Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода.
Од ЦУК информираат дека освен Скопје, од невреме попладнево се зафатени и Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Николе.
Силно невреме го зафати Скопје и притоа скрши неколку дрвја и ги блокираше улиците откако дождот ги поплави улиците.
Засилениот ветар успеа да откорне и еден билборд, а состојбата низ Скопје во моментов е хаотична.
Голем дел од возилата не можат да стигнат до крајната цел, затоа што се бараат алтернативни патишта.
Невремето откорна и дел од покров од зграда позади „Скопјанка“.