По вчерашното невреме Андреј и Панчо од ДНК му помогнаа на семејство од Чаир

ИЗВОРНов Лист
|

„По вчерашната објава, за жал се јавија повеќе луѓе и фамилии кои биле засегнати од големото невреме кое го зафати Скопје. Ја посетивме Др. Весна Балашевска во нејзината куќа во Чаир, во која живее со нејзиното 7 члено семејство од кои две се малолетни деца.

Весна е вработена како доктор по општа медицина во поликлиниката Чаир и за среќа не се социјално загрозени, но ни кажа дека и повеќе од потребна им е човечка сила за да може да се исфрлат сите работи од подрумот кои се веќе уништени и неупотребливи.

Исто така, најбитно во моментот е да се најде електричар заради струјата која им е исклучена поради безбедност да не дојде до избувнување на пожар, и нормало ако некоја фирма или физичко лице може да им донира пелети бидејќи нивната залиха за зимскиот период е пола уништена.

Дезинфекциски средства и средства за хигиена исто така ќе им бидат од голема помош. Упатуваме апел и до градоначалникот на општина Чаир да се вклучи во целиот процес, но и на Град Скопје (Данела Арсовска) и сите останати надлежни институции. Бројот за контакт на Госпоѓа Весна е: 077 619 402

Ајде заеднички да помигнеме кога сме потребни, и да не заборавиме дека заедно секогаш сме посилни.
Со почит, Панчо и Андреј“ стои во објавата.