Денес се слави Светиот Андреј Стратилат – направете го ова за да се заштитите

ИЗВОРНов Лист
|

Беше офицер-трибун во римската војска во времето на царот Максимијан. Роден е во Сирија и таму беше на служба. Кога Персијците го загрозија со војска римското царување, на Андреј му беше доверена војска во борба против непријателите.

Во таа прилика, го произведоа за војвода, односно стратилат. Бидејќи беше потаен христијанин, иако уште некрстен, Андреј се понадева во живиот Бог, па од мнозинството војници ги избра само најдобрите и со нив појде во битка. Пред битката им рече на своите војници дека ако сите Го повикуваат на помош единствениот вистински Бог Господ Исус Христос, нивните непријатели како прав ќе се распрснат пред нив. И навистина, сите војници вдахновени од Андреј и од неговата вера Го повикаа на помош Христа и извршија јуриш. Персиската војска беше наполно сотрена. Кога победоносниот Андреј се врати во Антиохија, некои завидливци го обвинија дека е христијанин и царскиот намесник го повика на суд. Андреј отворено ја изјави својата непоколеблива вера во Христа. Намесникот го фрли во затвор и му пиша на царот во Рим.

Знаејќи го угледот што го имаше Андреј кај народот и кај војската, царот му нареди на намесникот да го пушти на слобода.

Во некој теснец, додека сите беа на молитва, пристигна римска војска и ги зак ла сите до еден. Никој од нив не сакаше да се брани, а сите беа желни за маченичка см*т за Христа. На тоа место изби извор со лековита вода, којашто исцелуваше од секакви болести.

Епископот Петар дојде потајно со свои луѓе и чесно ги погреба телата на мачениците на она место. Сите чесно пострадаа и стекнаа венци на слава во царството на Господ Христос.

Се верува дека треба да одите во црква и да му се молите на овој светец за здравјето на децата и другите членови на семејството, а доколку му пристапите искрено и со чисто срце, вашите молитви ќе бидат услишени и на тој начин ќе ги заштитите вашите најблиските од било која болест.