Каде наврна најмногу дожд вчера

|

Во текот на ноќта времето беше претежно облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, особено во источните делови, процесите беа поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и електрични празнења. Утрово е облачно со слаб локален дожд, информира УХМР.

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка 33 литри на метар квадратен, 25 во Виница, 23 во Битола, 17 во Струмица, 16 во Скопје и Дојран, 14 во Берово, 12 Штип, 10 на Попова Шапка, девет Прилеп, а седум литри во Гевгелија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе опадне за 5 до 7 степени и ќе се движи од 21 до 28 степени. УВ=4

Во Скопје,променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.