Тестенини без грижа на совест: Шпагети со пиперка, лимон, босилек и пињоли

ИЗВОРНов Лист
|

Пробајте го ова вкусно јадење за брза и здрава опција за ручек со зеленчук. Нискокалорично, обезбедува растителни влакна, витамин Ц и железо.

Потребни состојки: 1 лажица маслиново масло, 1 црвена пиперка, излупена и исечкана на коцки, 150 г интегрални шпагети, 2 тиквички (250г), рендани, 2 чешниња лук, ситно изрендани, 1 лимон, излупен и исцеден, 15 г босилек, ситно сецкан, 25 г пињоли, потпечени(заменете со семки од сончоглед) и 2 лажици ситно рендан пармезан.

Начин на подготовка: Загрејте го маслото во голема нелеплива тава. Додадете ја пиперката и гответе 5 минути. Во меѓувреме, варете ги тестенините според интрукциите на пакетчето.

Додадете ги тиквичките и лукот во пиперката и гответе, мешајќи многу често, 10-15 минути додека тиквичката навистина не омекне.

Измешајте ја кората од лимон и сокот, босилекот и шпагетите (зачувајте малку вода од тестенините) и измешајте, додавајќи малку од водата за тестенините додека не се премачкаат убаво. Додадете ги пињолите, а потоа ставете со лажица во чинии и послужете ги со пармезан.

Извор: Слободен печат