Бугарија ќе испорачува струја за земјава од октомври до март

ИЗВОРНов Лист
|

Бугарија ќе испорачува 200 мегават-часа струја од почетокот на октомври до крајот на март идната година за да се ублажи енергетската криза во Македонија, со што ќе се обезбеди непречено снабдување со струја на индустријата, што е едно од клучните барања на бизнис секторот во земјава, беше договорено по вчерашната средба во Софија на премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Галаб Донев.

Двајцата премиери договориле формирање работна група што треба да ги утврди техничките аспекти во врска со потпишување и склучувањето договор во областа на електроенергијата за снабдување со количини во износ од 200 мегават-часа струја за потребите на Македонија заклучно со март, следната година.

-Како одговорни политичари и влади ние имаме обврска пред граѓаните и пред стопанството да обезбедиме се што е во наша можност да ги направиме условите најдобри, во време на ваква криза. Токму затоа сме денеска тука заедно со соседна Бугарија да се обидеме најдеме решение за снабдување со електрична енергија во текот на четвртиот квартал од оваа година и првиот квартал од идната година, под услови што ќе бидат оптимални за стопанството, рече премиерот Ковачевски на заедничката прес-конференција во Софија со колегата Донев.

Ковачевски нагласи дека на средбата нашата делегација ги кажала деталите за она што го имаме како потреба која што доаѓа и од Стопанската Комора на Македонија заради што и претседателот на Комората бил дел од делегацијата.

-Прво се договоривме заедно со Бугарија да формираме веднаш во среда работна група составена од министерствата за економија на нашата држава, Министерството за енергетика на Бугарија, како и ЕСМ и другите компани во рамки на Бугарија каде што ќе се разговра за техничките параметри во однос на капацитетите и транспортот на електрична енергија. Во однос на цените што ќе треба да бидат дефинирани согласно легислативата на Бугарија согласно со директивитре и легислативата на ЕУ и согласно со легислативата на Северна Македонија. Исто така разговарвме и за количините што се потребни кај нас со оглед на тоа дека Бугарија е земја која е извозник на електрична енергија, благодарение на капацитетите коишто ги има особено електрична енергија произведена од нуклеарна централа, рече Ковачевски.

Станало збор и за поврзувањето со новиот интерконектор за гас што би бил направен во делот на поврзувањео со течен гас и во однос на капацитетите на постојниот интерконектор што го имаме со Бугарија, и за можностите за складирње течен гас во складиштата што постојат во Бугарија.

-Имавме состанок што беше одржан во духот на добра волја. Во таков дух на добра волја се надевам дека работната група што ќе почне да работи веднаш после празникот во Бугарија а пред нашиот празник, дека во наредните помалку од две недели ќе имаме решение кое ќе биде од обостран интерес, и на стопанствата и на едната и на другата држава, рече Ковачевски.

Донев потврди дека од среда започнува Мешовитата група која што ќе ги изработи сите технички детали во рска со потпишување и склучувањето на договор во областа на електроенергијата, а станало зборт и за можноста Македонија интерконекторот и терминалот којшто се гради во Грција, за преку Бугарија да може снабдувањата да бидат балансирани.

Со тоа рече, ќе се овозмопжи Македонија да црпи количини какви што се неопходни на дневна база без да се создаваат дополнителни потешкотии во земјата и со природен гас.

Во македонската делегација вчера во Софија беа и министрите за надворешни работи Бујар Османи и за економија Крешник Бектеши, директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, како и претставници од ресорите економија и енергетика.

Ковачевски во Софија се сретна и со бугарскиот претседател Румен Радев, на која се разговарало за заедничко надминување на предизвиците со енергетската криза и продлабочување на соработката на двете земји.

Премиерот на средбата со Радев истакнак дека владината делегација допатува во Бугарија да најде решенија за справување со енормниот раст на цената на електричната енергија, да се помогне стопанството кое е на слободниот пазар, да може да го издржи високиот раст на цената на електричната енергија на светските берзи.

Справување со последиците од светската енергетска криза е приоритет. Од бугарска страна беше истакнато дека во тешки денови треба да си помагаме меѓусебно, бидејќи станува збор за справување со последиците од најголемата глобална криза која ја паметиме во поновата историја.