Актерот и комичар Андрија Милошевиќ е исклучително популарен на нашите простори, а иако на публиката ѝ е најпознат како актер кој може да ги насмее до солзи, малкумина знаат дека зад неговите почетоци се крие тешко детство.
Актерот, роден во Никшиќ, израснал во голема сиромаштија, а од мали нозе бил принуден да заработува.
„Мајка ми шест месеци собираше 30 марки за да ми купи дуксер. Но, тоа не беше траг ично. Не копнеев толку многу за материјалните работи. Тоа беше едноставно така, ти се допаѓа нешто како дете, но немате услови за тоа. Имаше инфлација и во јна, но некако успеавме да преживееме“, вели актерот, пренесува RTL.
Поради тешката финансиска состојба, Андрија во еден момент чувал овци, а почнал да работи веќе на 16 години. Актерот признава дека не му било тешко бидејќи не сакал да биде товар на своето скромно семејство.
„Имам 25 години работно искуство. Од самиот почеток имав желба да работам, да се осамостојам и да заработувам за моите животни потреби“, открил популарниот актер.
Андрија во една прилика откри дека за време на факултетот, најубавите денови од младоста ги поминал во „најсмрдливата соба“ во студентскиот дом.
Тешките денови значеле дека актерот понекогаш гладувал, но и дека кога првпат се вработил немал доволно пари за кирија и основни работи за домаќинството. Тогаш напомош му дошле луѓе на кои, како што вели, и денес им е благодарен.
Работите се подобриле кога заминал во Белград каде му се отвориле бројни можности. Таму живее и денес.
„Ги познавав сите наши актери. Јас веќе играв со 80 отсто од нив до мојата 20-та година. Од 16 до 20 години играв со речиси сите најголеми југословенски актери“, вели тој.
Неговиот живот денес е сосема поинаков, а тој постојано нагласува дека тешките околности го научиле да ги цени вистинските вредности во животот.
Тој е во среќна врска со својата партнерка Александра Томиќ, со која на почетокот на оваа година првпат станаа родители. Нивната љубовна приказна трае веќе десет години, а синот го крстија Реља.
Зборувајќи за тоа како се справува со родителството, неодамна напомена дека тоа му е најголема радост.
„Овој период е најубавиот во мојот живот. Ми донесе радост и незамислив елан, да живеам и да играм, да работам и да љубам. Неверојатно исполнување. Да се биде родител е најголемата чест што можеш да ја добиеш од животот“, истакна Андрија.