|
Шеесет и шестгодишен жител на тетовско село, вчера (6 септември) во 18 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 8 часот и 20 минути на неговиот син телефонски му се јавило лице, наводно сопственик на струмичка фирма и му нарачало повеќе градежни материјали.
По извесно време тој ги натоварил материјалите на камион и ги испратил кон Струмица, но биле истоварени во скопско.
Купувачот на материјалите му рекол дека тој ги платил на друго лице кое во меѓувреме дошло на неговиот плац, по што му станало јасно дека бил измамен.
Случајот е пријавен во полиција.