|
Во следните два дена ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со благ пораст на дневната температура, соопшти УХМР.
Во сабота кон крајот на денот и во недела ќе има локална појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од осум до 20, а максималните дневни од 24 до 32 степена.