Земјоделците од источниот регион во недела излегуваат на масовни протести. Најавуваат целосна блокада на патот Штип – Кочани и тоа на неколку места, кај Крупиште, Кучичино, Чифлик, Облешево, Подлог и кај монополот во Кочани.
Механизацијата ќе остане на патот се додека не дојде од Скопје, министерот или премиерот да го слушне гласот и маките на земјоделците. Ние не сме во сотојба да си купиме дрва и да си ги сервисираме обврските, струја, облека, ученици на школо итн- Здравко Арсов, оризопроизводител од с. Облешево.
Проблемите само се таложат, но не се решаваат. Поради африканската чу ма десеткуван е свинскиот фонд, во Овче Поле се сушат посевите со детелина и пченка, оризот, но и другите земјоделски производи, како сината слива во Малеш-Пијанец, се откупуваат по двојно помала цена од производната.
Производната цена ни е 38 денари, а се откупува од 20 до 23 денари. Ова е катастрофа, земјоделецот е паднат на најниско ниво. Окупатор да беше па ќе преземеше барем некаква обврска да помогне на овој народ- додаде Арсов
Аграрот е во целосен колапс, поради што само во текот на минатиот месец беа организирани низа протести од одделни земјоделски гранки, но засега никој не се одважи да ги слушне нивните проблеми и барања.