Граѓаните да бидат спокојни и да чекаат корегирани сметки за парно, порача Беслимоски

ИЗВОРНов Лист
|

Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) попладнево порача граѓаните на градот Скопје да бидат спокојни, сметките на БЕГ за топлинска енергија се сторнирани и ќе добијат нови корегирани сметки за месец август.

„Оние кои веќе ги имаат платено августовските повисоки сметки, сумата ќе има биде намалена соодветно за повисоката уплатена сума во следните сметки. А во тек на месецов останатите ќе добијат нови коригирани сметки за месец август“, изјави Бислимоски.

БЕГ на крајот на август достави сметки за парно до скопјани кои беа повисоки за околу 40 проценти.

Во сметките не била вкалкулирана субвенцијата што ја дава Владата за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје, што е единствена причина за зголемувањето на сметките за топлинска енергија, образложи Бислимовски.