Пожар денеска избувна во фабриката Нитролхимика во индустриската зона во Милано, која се занимава со производство на растворувачи и отстранување на опасен отпад.
Изгореле илјадници литри растворувач, а од граѓаните е побарано да ги затворат прозорците, пренесуваат локалните медиуми.
Во гаснењето на пожарот учествувале околу 100 пожарникари и биле ангажирани и хеликоптери, додека полицијата го обезбедувала теренот. Видеата можете да ги погледнете со клик ТУКА и ТУКА.