Фатен на дело како краде нафта – МВР приведе маж од Кадино

ИЗВОРНов Лист
|

Денеска ( 07.09.2022) во Кадино, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ј.(31) од Скопје, кој од товарно возило “мерцедес” одзел 50 литри нафта.

Со него е извршен службен разговор во ПСОН Гази Баба каде го појаснил начинот на извршување на делото и истиот признал дека извршил уште една тешка кражба, при што одзел нафта од автобус во с.Миладиновци.

По документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна пријава.