На 10 септември пристигнува полна Месечина во Риби: Овие 3 знаци ги чека пресврт

ИЗВОРНов Лист
|

Во септември дури шест планети ќе одат ретроградно, а нè очекува и озлогласениот ретрограден Меркур, но и покрај ова, септемвриската полна Месечина е одлично време да се опуштите во сопствениот мал свет и да се фокусирате на вашите очекувања, желби и соништа.

Целосната Месечина ќе донесе малку драма како и секогаш, особено за следните три хороскопски знаци:

Девица


Полната Месечина во Риби особено ќе влијае на вашите односи. Можно е повторно да стапите во контакт со некои поранешни љубови, додворувачи или пријатели, особено за време на ретроградниот Меркур. Ова е можност да тестирате колку сте цврсти кога станува збор за развивање здрави односи. Оваа мена ќе ве поттикне да заборавите на гневот или старите аргументи кои ве спречувале да се помирите и ви даваат знак да продолжите напред.

Близнаци


За близнаците ова е многу важен период за кариерата и имиџот во јавноста, па можно е да чувствувате притисок околу тоа каков впечаток оставате на околината. Ова за вас ќе биде период полн со акции и можеби ќе се чувствувате принудени да направите големи, клучни потези, но ова не е моментот за такви одлуки.

Риби


Полната Mесечина ќе ја одбележи вашата посветеност на различни меѓучовечки односи. Ќе доживеете целосно емотивно ослободување и ќе бидете почувствителни од вообичаено, а бидејќи сте и еден од најранливите знаци во Зодијакот, подгответе се за период наполнет со емоции.