Рецепт за чизкејк бомбици од само 4 состојки

ИЗВОРНов Лист
|

Се работи за прекрасен десерт што можат да го направат и децата – толку лесно и брзо се подготвува!

Состојки:
– 100 грама мелени бисквити; – 200 грама крем сирење; – 25 грама шеќер во прав (додадете уште ако сакате да биде послатко); – бело чоколадо.

Подготовка:
Изматете го крем сирењето (оставено малку да отстои на собна температура) со шеќерот додека не се добие мазна смеса. Во оваа смеса измешајте ги мелените бисквити. Ставете сè во фрижидер најмалку еден час.

Добро изладената смеса поделете ја на топчиња кои ќе ги обликувате со раце. Ставете ги во замрзнувач и оставете ги да отстојат половина до еден час.

Белото чоколадо растопете го во микробранова печка или на пареа. Прелијте ги топчињата со него.

Вратете го десертот во фрижидер за да се стврдне чоколадото. Доколку не сакате да ги правите со бело чоколадо, слободно свиткајте ги топчињата во растопено темно чоколадо, кокос, слатки шарени трошки.