Возачи внимавајте, “летаат” казни: За овие прекршоци полицијата казнува најмногу

|

Во текот на вчерашниот ден (08.09.2022) во периодот од 15.00 до 20.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 158 возачи. Од нив, 53 на територијата на СВР Тетово, 30 на територија на СВР Охрид…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Исто така, вкупно 898 возачи се санкционирани во текот на вчерашниот ден во акциска контрола на Министерството за внатрешни работи спроведена на територија на цела држава.

Како што соопшти МВР, 87 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 382 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 516 надвор од населено место.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.