Во октомври ќе имаме два неработни дена

|

Следните неработни денови за македонските граѓани се во следниот месец – октомври.

11 октомври (вторник), Ден на народното востание и 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Бо рба, односно 24 октомври (понеделник) се неработни денови за сите граѓани.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во земјава неработен ден е 28 септември (среда) кога се одбележува Меѓународниот ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на еврејската заедница, неработен е 5 октомври (среда), кога се слави Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.