Кое е значењето на 9 септември од нумеролошки аспект?

|

Денес е 9 септември или датум на огледалата кој се повторува 12 пати во текот на годината. Од енергетски аспект станува збор за денови кои се многу поволни бидејќи тие ни носат подароци од вселената. Еве на кој начин ќе ни влијае денешниот ден според нумерологијата.

1. Бидете одлучни и храбри
Деветката е предвесник на промени, па за да го подобрите вашиот живот треба само да преземете акција. Ако ви треба промена во љубовта, треба да преземете иницијатива и отворено да ѝ кажете на вашата сакана личност што ве мачи. Слободните, пак, треба да почнат да излегуваат и да ја бараат својата сродна душа. Бројот девет ќе ви помогне да пронајдете некој кој ве разбира и ве сака такви какви што сте. Бидете храбри и одлучни! Освен тоа, доколку сакате да најдете нова работа или да ги зголемите приходите, ќе ви помогне бројот 9, но не смеете да седите со скрстени раце. Бројот 9 им помага на оние кои се подготвени да направат сè за успех. со други зборови, 9 септември е одличен ден да завршите важна работа што сте ја започнале порано.

2. Преземете одговорност
Неопходно е да бидете објективни денес. Доколку се појави проблем не обвинувајте ги другите туку размислете зошто и каде сте згрешиле. Потрудите се да ги решите без да ја префрлате одговорноста на другите. Луѓето кои преземаат одговорност за своите постапки ќе добијат многу среќа од универзумот. Тие ќе бидат наградени со нова сила и енергија што ќе им помогне полесно да најдат нови цели и да ги одредат сопствените приоритети.

3. Научите да ги прифаќате луѓето онакви какви што се
Ова е корисна вештина за оние кои сакаат да најдат нови пријатели и љубов или да ги зајакнат постоечките врски. Доколку вашата цел е да ја зацврстите љубовната врска тогаш ќе морате да ги прифатите недостатоците на вашата сакана личност. Не осудувајте ги и не обидувајте се да ги промените.