(ВИДЕО)Откриен генијален трик за подгревање на храната: Нема веќе чекање, подгрејте две чинии истовремено

ИЗВОРНов Лист
|

Повторното загревање на храната во микробранова печка е брз и лесен начин. Нема валкање на многу садови, а целата храна на чинијата ја загревате во исто време на исто место. Меѓутоа, ако целото семејство планира да јаде повторно загреани остатоци, може да се случи употребата на микробранова печка да потрае и некои членови да го чекаат својот ред.

Ова особено се случува за време на празниците, што поттикна еден Тиктокер да смисли начин да се загреат што е можно побрзо и повеќе чинии одеднаш.

Многу следбеници му се заблагодарија на овој Тиктокер за откривањето на трикот, но имаше и такви кои сметаат дека ова не е безбеден начин.

Она што тој го прави е многу едноставно. На средината на чинијата става ниска стаклена чаша и откако ќе ја стави вп микробрановата печка, врз чашата ја поставува и втората чинија.

Постапката можете да ја видите на видеото со клик на линкот ТУКА.