„Фајнанс тинк“: Инфлацијата се искачи на 12.3%, веројатна е рецесија

ИЗВОРНов Лист
|

„Во вториот квартал од 2022 година инфлацијата се искачи на 12.3% на годишна основа. Растот на цените е скоро во целост движен од глобалните притисоци врз цените на примарните производи и енергијата, но тие се пренесоа и врз пошироката потрошувачка кошничка, особено во делот на домување, транспорт и ресторанско-хотелски услуги. Неизвесноста во економијата останува висока, додека видливата стагфлација во вториот квартал ќе станува поинтензивна до крајот на годината, со зголемена веројатност од рецесија од почетокот на идната година“, сметаат во „Фајнанс тинк”.

Неизвесноста во економијата останува висока, додека видливата стагфлација во вториот квартал од 2022 ќе станува поинтензивна до крајот на годината, со зголемена веројатност од рецесија од почетокот на идната година. И покрај намалувањето на цените на храната на глобалните пазари од јуни 2022, понатамошното зголемување на цените на енергентите укажува на подолготрајност на ценовните притисоци во споредба со претходните очекувања. Оттука, Finance Think надолно ја ревидира проекцијата за растот на БДП во 2022 на 2.1% (од претходните 2.8%), додека проекцијата за годишната стапка на инфлација нагорно на 12.2% (од претходните 9.7%)“, се вели во анализата на „Фајнанс тинк”.