ОВОЈ ВИКЕНД ЛОКАЛНА НЕСТАБИЛНОСТ И УСЛОВИ ЗА ЛОКАЛНО КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ – ОД ПОНЕДЕЛНИК СТАБИЛИЗАЦИЈА!

ИЗВОРНов Лист
|

Во остатокот од овој викенд ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ.

Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од југозападен, западен и од северозападен правец.

Потоа од понеделник па натаму следува нов период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Во понеделник ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

И во Скопје за време на овој викенд ќе има услови за локална и краткотрајна нестабилност, потоа во текот на следната седмица времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево.

Температурите ќе се движат во интервалот од 21 до 28 степени, особено во почетокот на следната седмица, а потоа од средината на истата температурите повторно ќе бележат тенденција на пораст и ќе бидат натпросечно високи.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.