СЛЕДУВААТ ЗНАЧИТЕЛНО ПОСВЕЖИ УТРА – ОД СРЕДА ДО САБОТА ПОВТОРНО НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО

|

До крајот на денов и тоа особено во северната половина од државава ќе има локален развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ.

И во делови од Скопската котлина ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите ќе се движат во интервалот од 25 до 32 степени, додека во Скопје истата ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа од утре следуваат неколку денови со стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Температурите утре и во вторник ќе бидат пониски и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени. Особено свежо ќе биде наутро со многу пониски температури и истите ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, додека во Беровскиот регион температурата можно е да се спушти дури и под 5 степени.

Од среда па до сабота температурите ќе бидат се повисоки, а особено топло ќе биде во четврток и во петок кога максималните температури ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 36 степени. Барем одсега гледано, позначително заладување на времето и врнежи се очекуваат од недела. Детали околу ова и дали навистина следува крај на летото наскоро, детална и најнова анализа следува понатаму во следните денови.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki