Феноменот што се случи во Охрид ги вознемири охриѓани, особено повозрасните. Изма мниците лажно се претставувале како полицајци и изнудувале пари од граѓаните. Тие целат на семејства, им јавуваат дека член од нивното семејство предизвикал нес реќа со жр тви и им бараат пари со изговор да ги спасат од затвор. Жрт ва на ваквите “полицајци“ биле и родителите на Анета од Охрид.
Измамниците од нив побарале поголема сума пари.
Родителите на Анета шо кирани од телефонскиот повик, извадиле пари за да дадат, но во тој момент Анета се вратила дома.
Анета веднаш го пријавила случајот во полиција од каде дознала дека во изминатиот период се случиле и други вакви изм ами. Од СВР Охрид велат дека се прави се за наоѓање на изм амниците. Полицијата апелира до граѓаните, особено до повозрасните, да не потпаѓаат на ваквите из мами преку повици од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 112 или во најблиската полициска станица.
Извор: 21ТВ