Има денови и вечери кога не сакате да поминувате многу време во кујна, затоа ви предлагаме брз и лесен рецепт, тестенини со четири вида сирење…
Состојки: пакување тестенини по избор, 220 мл павлака за готвење, 50 гр гауда, 50 гр Ементалер, 50 гр горгонзола, 50 гр моцарела, сол, бибер, зачини по избор.
Начин на подготовка: Згответе шпагети или други тестенини по ваш избор во солена, врела вода според упатствата на пакувањето.
Истурете ја киселата павлака во тава со нелеплива основа, загрејте ја на умерена температура и додадете ги гаудата, ементалерот, горгонзолата и моцарелата. Мешајте додека не се растопат сирењата.
Сосот е подготвен кога киселата павлака малку ќе се згусне. Потоа додадете ги тестенините со малку вода во кои се сварени и добро измешајте. Послужете топло.