Останува уште еден продолжен празничен викенд за сите граѓани до крајот на годината

|

Во 2022 година, на сите македонски граѓани им останува уште еден продолжен викенд.

Продолжен празничен викенд има во октомври. Неработен ден по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, е понеделник 24 октомври.

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година остануваат уште овие неработни се:

За сите граѓани на РМ: 11 октомври (вторник), Ден на народното востание, 23 октомври (недела), Ден на македонската револуционерна борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,
8 декември (четврток), Св. Климент Охридски.

За граѓаните од католичка вероисповед: 1 ноември (вторник), Празникот на сите светци, 25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (вторник), Ден на албанската азбука. За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.