|
Турскиот актер Бариш Ардуч и неговата сопруга и колешка, актерката Гупсе Озај станаа родители за првпат.
Актерската двојка доби машко бебе го носи името Џан Асја Ардуч.
Убавата вест на својот Инстаграм ја сподели Бариш и тоа преку две фотографии, а едната тој го зема бебето од болницата, а на другата се гледа малото бебешко раче.
За потсетување, Бариш и Гупсе се венчаа во месец јули 2020 годинина, односно пред точно две години. Претходно беа во долгогодишна врска и живееја заедно.
Бариш македонската публика го занае како Омер од „Вљубениот ерген“.