На прес конференцијата која денес ја одржа разрешениот директор на скопски „Водовод“, Златко Перински, неочекувано се појави и градоначалничката Данела Арсовска која започна да му контрира на Перински, а како главна причина за тоа беше проектот за пречистителна станица на Водовод со европски средства во вредност од околу 136 милиони евра.
Поради интересот на новинарите за прашања, Арсовска и Перински се менуваа на пултот за изјави и ги коментираа ставовите на другиот.
-Во изминатите месеци немаме добиено никаква информација во која насока се движат работите за изградба на пречистителна станица. Перински еднаш менуваше комисија, а сега не сака да смени. Нашите сомнежи се сериозни дека се влијаело врз постапката и затоа ќе ги поднесеме кривична пријава во соодветното Обвинителство – рече Арсовска.
Таа истакна дека постапката ќе продолжи, ќе има нов директор на Водовод и во никој случај нема да дозволи злоу потреби, нетранспарентност, а градот или граѓаните да бидат оштетени.
Арсовска не кажа како точно ќе продолжи овој проект, дали денеска ќе се отворат понудите или, пак, постапката ќе се поништи и ќе се распише нов тендер.Таа напоемена дека во ниту еден момент не била информирана за постпаките кои ги превземало претпријатието.
-Јас не знам која е другата фирма, ниту за нешто во овој процес сум информирана. Сè што знам е дека Град Скопје е држен во темница, додаде Арсовска.