Веста за кралицата Елизабета погоди милиони Британци, а илјадници од нив и оддаваат почит пред кралските резиденции. Покрај илјадниците букети цвеќе за кралицата, Британците оставаат и илјадници сендвичи со мармалад.
Би-Би-Си утрово објави дека Кралските паркови бараат од граѓаните да престанат да носат сендвичи и мечки Падингтон и дека би било добро да носат само цвеќиња. Исто така, беше побарано од граѓаните да не носат корги, свеќи, балони и што било друго освен цвеќиња. Тие бараат и цвеќињата да не се носат во најлонска фолија.Видеото од Би-Би-Си можете да го погледнете со клик ТУКА
Британците носат сендвичи за кралицата поради смешното видео кое таа го сними пролетта оваа година со мечето Падингтон. Во видеото кралицата пие чај со Падингтон, а тој во еден момент и нуди сендвич со мармалад. Во тој момент, кралицата му покажува дека и таа има еден во чантата и секогаш го носи со себе.