Во последните неколку месеци недостигот од основни производи е честа појава во Србија.
На социјалните мрежи се прошири видео снимено вчера во Нови Пазар, на кое се гледа како граѓани буквално се туркаат за шеќер во продавница.
„Дајте ми едно пакување. Дајте ми еден пакет“, се слуша глас на една жена на снимката. Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.
Недостигот на шеќер во Србија трае веќе со недели. Во многу продавници се истакнати молбите до граѓаните да не земаат повеќе од пет килограми шеќер при едно купување, наведуваат локалните медиуми.
Според анализите, Србија лани веќе ги ограничи цените на млекото, брашното, зејтинот, свинското. Тие цени, според тамошните медиуми, сѐ уште се ограничени.
Според информациите од Владата на Србија, целта на мерката е да се заштити пазарот, односно да се спречат нарушувања во формирањето на цените на споменатите стоки, кои се исклучително важни за понудата на потрошувачите, особено на посиромашните социјални категории.