Граѓаните повторно повикаа на независнос, гтолем протест на Каталонците се одржа во Барселона.
Според информациите се проценува дека на протестот учествувале над сто и педесет илјади луѓе.
Се вели дека тоа е нов обид за рестартирање на движењето за независност. Протестот се одржа на датум кој е многу важен за движењето за независност.
Пред пет години Каталонија одржа референдум за независност, без дозвола на Шпанија и резултатите беа ефективно отфрлени.
Сега има големи разлики меѓу групите кои бараат независност. Каталонската влада во моментов преговара со шпанската влада. Едната страна која е подготвена да преговара со Мадрид, е во конф линкт со партијата Јунтс, која инсистира на отцепување. Двете партии се дел од владејачката коалиција. Според анкетите околу 50 отсто од населението сака независност, додека другата половина не.
Некои движења ги отфрлаат овие разговори, што доведе до повлекување на владата од митингот, во обид да го оправдаат дијалогот со Шпанија.