Хакерите ги пуштија во продажба тајните на Албанија – еве колку чинат

ИЗВОРНов Лист
|

Хакерите кои деновиве ги нападнаа албанските институции и системот ТИМС во царината, кои се идентификувани со веб-страницата „Татковинскаа правда“, ги објавија податоците од серверите што ги имаат на продажба.

Преку објава на социјалните мрежи тие нудат 800 GB податоци за околу 900 долари. Потсетуваме дека во текот на месец јули хакери ги нападнаа администрацијата и министерствата објавувајќи ја јавно комуникациите преку електронска пошта.

Во меѓувреме, пред неколку дена премиерот на Албанија, Еди Рама, ги прекина дипломатските односи со Иран во врска со овој напад, бидејќи по истрагите на албанските и партнерските агенции, се покажа дека хакерите биле директно поддржани од Иран.

Не помина долго и хакерите, како што предупредија, почнаа да се одмаздуваат.

Од 23:15 часот во петокот навечер и во текот на целиот ден во сабота, ТИМС системот на сите гранични точки на Албанија беше нефункционален.

Иако албанската влада соопшти дека се останува под контрола и дека секој напад е одбиен, хакерите веќе ги пуштиле на продажба податоците добиени од системот ТИМС во Албанија, но и електронските адреси на албанските функционери.

Тоа значи дека „тајните“ на Албанија сега можат да се купат на пазарот. Друг факт е дека хакерите бараат плаќањето за купување на податоци да се врши преку Биткоин електронски пари, така што е невозможно да се разбере каде одат овие пари.