Претседателот на Владата Димитар Ковачевски вечерва приреди прием по повод завршувањето на мандатот на американската амбасадорка Кејт Брнз.
Премиерот истакна дека амбасадорката Брнз беше присутна во клучен период за земјата и дека секогаш ќе остане пријателка на Македонија.
„Нашата соработка изминативе години беше партнерска и блиска, како што доликува на соработката на две земји чија врска е силна од денот на воспоставување на дипломатски односи, но и претходно“, рече премиерот Ковачевски.
На приемот присуствуваа министри, експерти и други претставници од политиката и бизнис заедницата.