Цената на месечниот билет на релација Скопје-Кумановo и обратно, повторно се зголеми, јавува ТВ21. Месечна карта за оваа врска чини 5.000 денари. Цената ја потврдуваат и од транспортната компанија Rule Tours. Претходно поскапе и дневниот билет на оваа релација.
За време на зимските месеци месечниот билет се движеше околу 3 700 денари.
Студентите дури и започнаа петиција за замрзнување на цената на меѓуградските билети.