Селски мекици за 30 минути – Брз појадок пред работа

ИЗВОРНов Лист
|

Појадокот е најважниот оброк во денот, никако не го прескокнувајте – вака постојано апелираат лекарите, но со брзото темпо на живот и големиот број обврски, многумина често немаат време да си направат нешто вкусно наутро. Доколку ви останат вишок 30тина минути можете да си ги направете највкусните селски мкици. Ова е рецептот:

СОСТОЈКИ: 100 мл. млеко, 1 јајце, ½ пакување квасец 1 лажиче сол, 1 лажиче шеќер, 2 лажици масло, ½ канчиња кисело млеко, 1 прстофат сода бикарбона и 500 гр. брашно.

ПОДГОТОВКА: Се мешаат сите суви состојки, па се мати јајце со кисело млеко и се додава сода, па млеко и масло. Се мешаат смесите. Се меси тесто со раце, па се остава 30 минути. Се вадат мекици со намастени раце и се пржат на врело масло.

И тоа е тоа, ќе ги имате највкусните мекици кои ќе ве потсетат на детството кога нашите баби ни ги правеа на село. Добар апетит!