Денес ќе се решава проблемот со високите сметки за струја – дебата на АДКОМ и ЈКП

ИЗВОРТелма
|

За решавање на проблемот со високите сметки за стуја денес ќе решаваат на дебатата АДКОМ-Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија и Јавните комунални претпријатија.

Од АДКОМ информираат дека целта на дебатата е да се предупредат надележните институции за алармантната состојба во јавните комунлани претпријатија која може да доведе до големи последици за да не можат да ја извршат основната работа,а со тоа и граѓаните да немаат квалитетна вода за пиење и здрава животна средина.

Организаторите најавија дека на дебатат се очекува да присуствуваат членови на Управниот и Надзорниот одбор на АДКОМ, директорите на ЈКП, претставници од Владата на Република Северна Македонија, претставници од ресорните министерства во склоп на Владата, претставници од РКЕВУ, ЗЕЛС, СУТКОЗ, КСС, членовите на Работната група за комунални дејности во склоп на АДКОМ.