Денес е Празник на појасот на Пресвета Богородица – направете го ова за да имате мир

ИЗВОРНов Лист
|

После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ков чег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија. Овој ко вчег никогаш не се отвараше, се до времето на царот Лав Мудриот (886 г. – 912 г.). Сопругата на Лав, царицата Зоа, душевно се разболе, и според некое таинствено видение посака врз неа да го положат појасот на Пресвета Богородица. Царот го помоли патријархот, па го отворија ков чегот, го извадија појасот и го положија врз болната царица. Таа веднаш оздраве. Во спомен на тоа чудо се востанови овој празник. Дел од тој појас се наоѓа во Грузија, во Зугдид.

Имено, ќерката на царот Роман се исцели со помош на овој појас и подоцна, кога се омажи за царот Абухаз Грузиски, таа понесе дел од појасот со себе. На заповед од рускиот цар Александар I изградена е посебна црква во Мингрелија во Зугдид, каде што се чува тој дел од чудотворната облека на Пресветата Божја Мајка.

Тропар
Богородице Приснодево, заштитнице на луѓето, ризата и појасот на Твоето пречисто тело си ги дарила на Твојот град како моќна ограда, останувајќи нетлена поради Твоето бессемено раѓање, зашто во Тебе се обновува и природата и времето. Поради тоа Те молиме, мир на Твојот град да му даруваш, а на душите наши милост голема.

Кондак
Твојата утроба, Богородице, која Го смести Бога, препашана со Твојот чесен појас, за Твојот град е сила непобедлива, и неисцрпна ризница на добра, единствена Која роди, и вечно остана Дева.