Еве кои три држави не се поканети на погребот на кралицата Елизабета Втора

ИЗВОРНов Лист
|

Според информациите на Би-Би-Си околу 500 достоинственици од целиот свет ќе присуствуваат на погребот на кралицата.

Велика Британија не повика претставници на Русија, Белорусија и на Мјанмар да присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи следниот понеделник. Информацијата ја даде извор од Вајтхол.

Околу 500 достоинственици од целиот свет ќе присуствуваат на погребот на кралицата, пренесува Би-Би-Си.

За најголем дел земји, повикот се однесува на шефот на државата плус еден гостин.