Владата усвои измени и дополнувања на Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството и согласно новите финансиски средства ќе се имплементираат нови мерки.
Согласно мерките се обезбедува финансиска поддршка:
– за произведена и продадена зелка за период од 13.04.2022 година до 07.05.2022 година со висина од три денари по килограм,
– за трошоци за набавка на вештачки ѓубрива во производство на пченица и јачмен со висина од 3.000 денари по хектар за трошок за набавка на вештачки ѓубрива, како и
– за произведена и предадена слива кај регистрирани откупувачи за период од 20.8. 2022 година до 30.9.2022 година со висина од два денари по килограм за откупена во месец август и четири денари по килограм за откупена во месец септември.
На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беше усвоена и Информацијата за реализација на прва фаза – водоснабдување од проектот ЈПХС „Злетовица“ за општините Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово и добивање на одобрение за отпочнување на постапки за повеќегодишни јавни набавки за реализација на активностите за општините Свети Николе и Лозово.