За брачниот статус на Јелена Карлеуша се зборува со месеци, а и годиби наназад по скандалот. Причините за разделбата, како и потенцијалното помирување со Душко Тошиќ постојано се една од главните теми во српските медиуми, а иако самата објави на социјалните мрежи дека се разведува, самата и изјави дека формално разводот се уште не е поднесен и сакала само да го “заплаши” Душко.
Медиумите под будно око ја следат ситуацијата и се обидуваат да ја разјаснат темата, но од она што музичката ѕвезда последно го објави на социјалните мрежи јасно укажува дека сака да се оствари повторно како мајка.
Имено, Јелена ја скокоткала фантазијата на своите следбеници одговарајќи на коментарот на Ела Дворник која рече дека сонувала дека пејачката се породила.
„Синоќа сонував дека Јелена Карлеуша е на царски рез и морам да ја држам за рака како морална поддршка. А јас побегнав штом почнаа да ја се чат. Извини Јелена. Имам траума од моите бебиња, но беше преслатка, честитки“, напишала Ела, на што Јелена одговорила.
„Сигурна сум дека во реалноста немаше да побегнеш драга. Сигурно ми се допаѓа твојот сон, би сакала уште едно бебе!!! По објавувањето на албумот, секако“, одговори пејачката.
Очигледно Карлеуша се пошегува, но понекогаш шегите и не се далеку од вистината.