Неизвесно емитувањето на новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“?!

|

Продукцијата на „Ѕвезде Гранда“ (или Ѕвездите на Гранд на македонски) е голема и сериозна продукција, која со години наназад го организира ова музичко натпреварување, но по се изгледа оваа нова сезона ќе почека, откако нејзиното емитување на српските тв канали стана неизвесни.

Имено, продукциката на големо преговара со српската ТВ „Прва“, но и со уште неколку телевизиски станици за натамошното емитување на познатата музичка шоу програма, откако им завршува договорот склучен со ТВ Прва.

– „Ѕвезде Гранда“ постои речиси две децении и секогаш имаа одлични резултати, а ќе се емитува и новата сезона, но во моментов никој не знае на која телевизија во Србија. Чекаат и членовите на жирито, никој нема информации – почнува изворот на „Блиц“.

– Од продукцијата на сите им порачаа да почекаат и дека наскоро ќе се знае дали емисијата ќе се емитува на актуелната телевизија или на друга, со оглед на тоа што актуелниот договор истекува кон средината на следниот месец. Ги договараат условите, а продукцијата чека нови предлози – додава изворот.

Музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“ постои од 2003 година. Многу учесници на ова натпреварување се познати поп имиња на денешницата, како Милица Павловиќ, Милица Тодоровиќ, Александра Пријовиќ, Дарко Лазиќ и други. Емисијата прво се емитуваше во Србија на „Пинк“, а потоа и на „Прва“. Во Македонија се емитува на Канал 5 телевизија.