Славчо Поповски информира – еве кога да го очекуваме и првиот СНЕГ

|

Метерологот Славчо Поповски најавува продор на студена маса, значително заладување, па дури и снег следната недела.

Стабилно и топло време не очекува до крајот на работната недела, што би требало максимално да се искористи.

До петок времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Од четврток па се до крајот на неделата ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен и од западен правец. Температурите од денес, а особено од утре до сабота ќе бидат НАТПРОСЕЧНО високи и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени – појаснува Поповски.

Метеорологот потенцира дека веќе од следната недела ќе се збогуваме со топлите денови и со летото.

Веќе од недела, па во текот на следната седмица ќе му кажеме ЗБОГУМ НА ЛЕТОТО со што следува ПОЗНАЧИТЕЛНО ЗАЛАДУВАЊЕ и продор на СТУДЕН ВОЗДУХ од север. Исто така, на повеќе места ќе има и врнежи, а температурите од недела па натаму ќе опаднат дури за 10 степени, понекаде и за повеќе и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. Уште пониски температури барем отсега гледано ќе имаме во текот на следната недела. Не се исклучува можноста со овој продор од север на највисоките планински места на Балканот, но и во Македонија да пристигне и првиот СНЕГ за оваа сезона – вели Поповски.