Обвинетите му се извинија на таткото на ракометарот Денис Тот, адвокатите побараа да обвинителството да се откаже од кривичното дело

ИЗВОРТелма
|

Вечерта ја минале заедно и не го у*иле со умисла, а се обиделе и да му го спасат животот. Тројцата млади скопјани се бранеа во судницата за кривичното дело уб*ство со умисла на хрватскиот ракометар Денис Тот . Реагираа и адвокатите во воведните зборови дека обвинтилстовото не може да ја докаже умислата и побараа промена на кривичното дело. Судењето започна со исказ на таткото на Игор Тот кој допатува од Хрватска да го следи процесот. Сите тројца обвинети се извинија на смејстовот за загубата и рекоа дека не сакале да го направат тоа.

Полна судница, многу емоции. Судењето продолжи. Прв збор доби таткото Игор Тот. Допатувал од Хрватска да го следи процесот и очекува да се расветели вистината и да бидат казнети.

„Цело семејство сме ракометари. На тој ден нашите животи застанаа. Повеќе не работиме со сопругата. Се да е во ред тој денеска ќе играше меч со неговиот тим Бутел против Варадар. Единствено што очекувам е да се дознаее вистината преку судот во Македонија. Дали обвинетите се криви. Доколку се криви соодветн ода бидат казнети,“ рече Игор Тот во судницата.

Обвинетите ги искористија воведнтие зборови да се извинат на семејството Тот за загубата.

„Сакам да изразам сочуство на семејството. Навистина не сме имале умисла,“ кусо се обрати обвинетиот Горгиевски пред судот.
„Никој не сакал да се случи тоа што се случи, а најмалку јас. Изразувам сочуство,“ рече Клементина Лефковска една од обвинетите.

Тот не може да се врати, но затоа обвинителството може да ја повлече умислата за која ги товари тројцата млади скопјани.

Пaвле Беловски