Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека:
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, на ден 15.09.2022 година (четврток), без електрична енергија ќе останат следните корисници:
Од 08:00 до 18:00 часот корисниците од стопанските и нестопанските објекти во реонот на село Долна Матка, (кај манастирот Св. Богородица) и дел од Ловиштето – Јасен, (место викано Ивање).
Овие места се во Општина Сарај.