(ВИДЕО) Спасени двете Полјакини од провалија кај манастирот „Трескавец“ во Прилеп

ИЗВОРНов Лист
|

Денеска на бесплатниот телефонски број за итни повици 112, имаше дојава за две девојки кои од локација кај манастирот „Трескавец“ побарале помош кои при движење надолу од манастирот кон градот, паднале во провалија.


За настанот веднаш се известени и излезени на терен доброволното друштво „Златов врв“ од Прилеп и екипа од ТППП Прилеп (4 пожарникари со 1 теренско возило), ДЗС – Прилеп и МВР (ЦИК- Битола).

Во 17:15 часот двете девојки се пронајдени од доброволното друштво „Златов врв“ од Прилеп и истите се во добра здраствена состојба.