Муралот на кралицата ќе оди на корекција откако беше исмеан и спореден со Алекс Фергусон

ИЗВОРНов Лист
|

Муралот со ликот на кралицата Елизабета, предизвика голем број на реакции во јавноста, по што ќе мора да биде корегиран.

Главните критики беа дека кралицата не е прикажана во вистинско светло, а многумина на социјалните мрежи тврдеа дека насликаната фигура повеќе личи на Сер Алекс Фергусон отколку на кралицата Елизабета Втора.

На сите начини луѓето и оддадоа почит на починатата кралица, а двајца уметници решија да го направат тоа на овој начин.

Тие насликаа голем мурал на кралиата во Западен Лондон. Тие потрошија два дена правејќи го ова уметничко дело.

Муралот беше критикуван на социјалните мрежи, а повеќето луѓе го исмеваа.