Војник кој го чува ковчегот на кралицата Елизабета Втора се онесвести додека се одржуваше церемонијата. Тој колабира во раните утрински часови покрај ковчегот што цела ноќ го посетуваа Британците, за да и оддадат почит на кралицата.
Видеото стана вирално на интернетот, а на него се гледа како чуварот се онесвестува.
Неколку полицајци притрчаа да му помогнат. Останатите стражари се чини дека не се вознемирија, не се помрднаа.
Медиумите во Британија пишуваат дека тоа се случило при менувањето на гардата.
Би-Би-Си, кој ја пренесуваше церемонијата во живо, мораше да го прекине пренесот некое време.
Додека војниците ротираат на секои 20 минути, часовите на целосно мирување додека стојат се во должина од шест часа.