Бугарски државјани измамиле жена од Аеродром за 8.000 евра, предложен притвор

ИЗВОРНов Лист
|

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против маж и жена, државјани на Република Бугарија за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Двајцата соизвршители, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со прикажување лажни факти преку телефонски разговор довеле во заблуда една оштетена со живеалиште во општина Аеродром, на која во два наврати и зеле вкупен износ од 8.000 евра. Користејќи се со измама и презентирајќи лажни факти, осомничените ја навеле оштетената првиот пат да им даде 5.100 евра, а потоа уште 2.900 евра.

Со оглед на тоа што осомничените се странски државјани без регулиран престој во земјава, па постои висок ризик да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.