Карминот „Х. Кутур бјути дајмонд“ е, веројатно, најскапиот во светот. Toj наводно чини дури 14 милиони долари.
Брендот „Х. Кутур бјути дајмонд“ е основан 2006 година од Тајша Смит Валез и стана синоним за луксузна шминка. Важно е да се напомене дека овој кармин е најскап единствено поради неговото пакување што е направено од 18-каратно злато и украсено со дијаманти. Брендот соопшти дека првата верзија на паковката била обложена со дијаманти само оздола, но анонимниот купувач побарал кутијата што ѝ ја купил на сопругата да биде целосно прекриена со дијаманти.
Компанијата дополнително ѝ вети на жената дека секогаш кога ќе го потроши карминот ќе добие бесплатно дополнување. Сепак, „Лист“ (The List) наведува дека интернет-страницата на брендот оттогаш е затворена и оти компанијата можеби престанала со работа.
Многумина поради тоа, сметаат дека сѐ тоа било само една „генијална измама“.