Во понеделник, 19. септември, ќе започне продажбата на билетите за последниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација од групата 3 во Лигата на нации против Бугарија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Бугариjа ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets.
Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема да има.
МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА (Национална арена „Тодор Проески“, 26. септември)
Цени на билети:
Северна Трибина
Блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24 250 денари, Блок 21 и 23 250 денари, Јужна Трибина Блок 1, 2, 5 и 6 250 денари, Блок 3 и 4 350 денари.
Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Покрај неговите податоци (задолжително презентирање на документ за идентификација), клиентот внесува и податоци за други навивачи за кои купува билети.