Славчо Попоски: НЕВООБИЧАЕНО НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ, услови за мраз и слана

ИЗВОРНов Лист
|

– Во текот на оваа седмица нè очекува претежно стабилно и суво време. Сепак, ќе биде свежо за овој период од годината. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Услови за локален дожд ќе има во среда, кога на највисоките планински врвови ќе има и услови за сосема слабо провејување на снег.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен. Наутро ќе биде доста студено со минимални температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде и под 5 степени а на повисоките места истите има услови да се спуштат дури и за некој степен под нулата. Во следниот период има услови за појава на слаб мраз и слана.

И во Скопскиот регион времето ќе биде претежно стабилно и суво. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 20 степени, додека наутро температурите ќе се спуштаат дури до околу 5 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски и советува доколку во следниот период излегувате рано наутро задолжителни со себе понесете си топла облека.